Арсовска: „МВР ги брани насилниците – ова е причината зошто жените завршуваат мртви“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по давањето исказ во полициска станица во врска со инцидентот што го пријави, се обрати до јавноста, обвинувајќи ги институциите за прикривање на случајот и негрижа кон насилството врз жени.

„Ми велат дека не сум ни требала да излегувам на терен, како тоа да е оправдување за нападот“, наведува Арсовска. Таа тврди дека се прави обид случајот да се минимизира и пренасочи вината кон неа.

„Ова се причините зошто во Македонија доаѓаме до фемицид – пријавувате сто пати, никој не реагира, и на крај ќе ве убијат“, напиша Арсовска.

Според неа, Министерството за внатрешни работи не застанува во одбрана на жртвите, туку на сторителите.

„МВР функционира за да ги брани тие што тепаат по улици. Не е чудо што жените не се чувствуваат безбедно – системот не ги штити, туку ги остава сами да се справуваат со насилниците“, порача таа.

Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а засега од Министерството за внатрешни работи нема официјална реакција на ваквите обвинувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни