Како еден од највлијателните уметници на светската електронска сцена, Armin van Buuren со своето уникатно шоу и енергична продукција ветува вечер што ќе се памети долго. Овој ексклузивен настап е дел од серијата настани BITOLA OPENAIR и претставува историски момент за градот – првпат Битола добива светска А-категорија музички настан од ваков ранг.
Ова е културен настан од големо значење, кој го става Армин рамо до рамо со имиња како Massive Attack и Nick Cave, претставувајќи културен импакт што ја надминува клупската и фестивалската сцена. Неговото присуство во Македонија е симбол на поврзување со светот и подигање на домашната фестивалска сцена на повисоко ниво.
Организаторите најавуваат силна регионална посетеност, а со оглед на Илинденските празници – очекувајте вистинска фестивалска инвазија во срцето на Битола.
Информации за влезниците ќе бидат објавени вечерва во 21:00 часот на официјалните дигитални платформи на организаторот.
Подгответе се за вечер на електронска еуфорија, визуелен спектакл и незаборавна атмосфера.
„Се гледаме на 3 август во Битола – со Armin van Buuren!“,порачуваат организаторите.