Архивoт на јавни собири, организација која се занимава со броење на учесниците на јавните собири, изнесе проценка за бројот на луѓе на големиот протест „15. за 15“.
На основа на теренско истражување и анализа на снимки од вчерашниот протест „15. за 15“, Архивот на јавни собири проценува дека на овој собир присуствувале помеѓу 275.000 и 325.000 луѓе, со можност бројот да бил и поголем, се вели во објавата на Фејсбук.

Како што додаваат, поради исклучителната големина, динамиката и структурата на собирот, како и нејасната ситуација во некои делови на градот, особено на Нови Белград, прецизна процена не е можно.