Иако квалитетот опаѓа од сезона во сезона, многумина не можат да престанат да ја гледаат. Како што пишува La Paix: „иако е ѓубре, луѓето сè уште ја гледаат“. Познатиот ТВ критичар Дејвид Опи вели: „најлошата серија на телевизија, а опседнат сум со неа“. Овој феномен, познат како hate-watching, стана ритуал – луѓето ја гледаат не затоа што ја сакаат, туку затоа што сакаат да видат што следно ќе ги испровоцира.
Емоционална зависност од ликовите
Гледачите се поврзани со Кери, Миранда и Шарлот како со вистински луѓе – со години ги следеле, ги „познале“, ги сакале. И сега, дури и кога сценариото тоне, не сакаат да ги напуштат. Тие се како стари пријателки што ги следиме низ сите фази од животот – без разлика на квалитетот.
Во ера на бескрајни содржини, многу луѓе се соочуваат со т.н. decision fatigue – замор од избор. Тогаш се враќаат на нешто познато, сигурно, проверено: ликои што ги знаат, начин на живот што го препознаваат, визуелна естетика што им е блиска. Дури и кога се разочарани, „And Just Like That…“ останува сигурен избор.
Модата, Њујорк и животниот стил
Иако приказната слабее, серијата продолжува да нуди визуелен луксуз: висока мода, луксузни ентериери, гламурозни детали од животот во Њујорк. Тоа е магијата што ја одржува врската со старата Sex and the City – мешавина од аспирација и носталгија.
Иако критичарите сè уште ѝ даваат ниски оценки, некои велат дека третата сезона е малку подобра. Но, суштината останува иста: фановите ја гледаат серијата не затоа што е добра, туку затоа што не сакаат да се збогуваат со светот кој им значел нешто некогаш.