Група на американски писатели поднела тужба против компанијата Meta поради наводно кршење на законите за авторски права, користејќи ја така наречената „библиотека на сенки”, LibGen, за развој на софтверот за вештачка интелигенција “Llama 3”.
Весникот „Атлантик” објави минатата недела алатка за пребарување на базата на податоци LibGen, откако беа објавени судски документи поднесени во рамките на тужбата на американската комичарка Сара Силворман и други автори против Мета.
Мета е обвинета дека ги прекршила законите за авторски права користејќи LibGen, која работи анонимно и која наводно содржи милиони пиратски примери на книги, статии од списанија и други материјали, за развој на својот софтвер за вештачка интелигенција, пренесува Скај Њуз