По повод 116 годишнината од „Денот на Албанската азбука“ во Битола и „Битолскиот Конгрес“ како и 10 годишнината од основањето на Граѓанската Организација за промоција и регионална соработка „22 Нентори“ МКЦ Битоа со Меѓународниот Институт за Мода „ИЗЕТ ЦУРИ“, Скопје и Граѓанската Организација за промоција и регионална соработка „22 Нентори“, ја организира модната ревија „Alphabet’s story“.
Настанот ќе се одржи во четврток, на 22 ноември во Офицерски дом во Битола во 14.00 часот.
„Културната особеност највпечатливо се изразува преку креација. Голема чест е што во Македонија има личности како Изет Цури, кои зборуваат преку своите креации и го прославуваат името на Македонија низ светот“ велат организаторите.