АХВ уништила уништила 50 тони небезбедна храна по нивните контроли минатата година

Од јануари до ноември 2024 година биле направени околу 30 илјади контроли на храна од неживотинско и животинско потекло при што биле изречени околу 300 казни и како небезбедни биле уништени педесетина тони храна.

„При увоз на храна од неживотинско потекло се реализирани 44.137 инспекциски надзори, а при увоз на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, 10 352. Инспекторите за храна на граничните премини како небезбедни, вратиле/уништиле седум пратки со над 74 тони небезбедна храна од неживотинско потекло“, истакнуваат од АХВ.

За здравствената заштита и благосостојба на животните, АХВ направила над 14 илјади инспекции и издала 136 наредби или забрани за отстранвуање на недостатоци.

„Во врска со контролите на официјалните ветеринари на граничните премини при увоз на храна од животинско потекло, добиточна храна и увоз на живи животни, од јануари се спроведени 20 479 надзори од кои 15 431 на пратки за увоз и 5 048 контроли во однос на пратките кои транзитираат низ земјава“, напоменуваат од Агенцијата.

„Годинава, во Базата на податоци за вршење вонреден инспекциски надзор на Одделението за заштита на потрошувачите се евидентирани вкупно 317 иницијативи. Најчести наводи во иницијативите остануваат пријавите за неодговорно сопствеништво 36 и за напади и каснувања од куче 14“ известија од АХВ.

Што се однесува до храната, примат имаат иницијативите за сомнеж за труење со храна, 13, за производи со поминат рок на употреба, 12, за присуство на контаминенти, 8, како и за нехигиена, 7, информираат од АХВ за МИА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни