Тој сподели случка од 2015 година, кога за време на Рамазан бил на состанок во Дојран и единствениот кој постел. Како што раскажува, ифтарот бил во 20 часот, но вечерата била закажана за 18:30, поради што очекувал да јаде сам.
„Но, кога дојде време за вечера, ме пречека нешто неочекувано. Иако никој од останатите не постеше, сите колеги се договориле меѓусебно и со хотелскиот персонал вечерата да се послужи во 20:00 – за да можам да јадам заедно со сите“ пишува Селами.
Објавата на Селами доаѓа во моментите по трагедијата во Кочани, кога тагата за 59те загубени животи ги обедини граѓаните на Македонија.