Агим Селами: Кога ќе дојде време за солзи, тие не прашуваат кој на кој народ му припаѓа

„Ако се прашувате зошто Албанците и Македонците заедно тагуваат за трагедијата во Кочани, тоа е затоа што секојдневно сме на другата страна – некогаш даваме, некогаш примаме добрина што одамна престанала да има етничка боја. И кога ќе дојде време за солзи, тие не прашуваат кој на кој народ му припаѓа“ пишува директорот на ЗИП Институт, Агим Салими на социјалните мреж.

Тој сподели случка од 2015 година, кога за време на Рамазан бил на состанок во Дојран и единствениот кој постел. Како што раскажува, ифтарот бил во 20 часот, но вечерата била закажана за 18:30, поради што очекувал да јаде сам.

„Но, кога дојде време за вечера, ме пречека нешто неочекувано. Иако никој од останатите не постеше, сите колеги се договориле меѓусебно и со хотелскиот персонал вечерата да се послужи во 20:00 – за да можам да јадам заедно со сите“ пишува Селами.


Објавата на Селами доаѓа во моментите по трагедијата во Кочани, кога тагата за 59те загубени животи ги обедини граѓаните на Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни