Еј- Би-Си ќе му исплати 15 милиони долари на Трамп за клевета

Американските медиуми пишуваат дека нагодбата е значителна отстапка од страна на ABC и ретка победа за политичар кој претходно обидите против новинарските куќи често ги завршувал со пораз

Водителот Џорџ Стефанопулос во емисијата на ABC “This Week” во март оваа година повеќепати изјави дека Трамп бил прогласен за виновен за силување на новинарката Е. Џин Керол. Трамп ги тужил Стефанопулоса и ABC за клевета поради погрешно наведена пресуда од две тужби кои новинарката ги поднела против Трамп.

Керол тврдела дека ја силувал Трамп во трговски центар во средината на 1990-те години и дека ја наклеветил кога ја негирал нејзината изјава.

Избраниот американски претседател минатата година бил прогласен за виновен за сексуално вознемирување на Керол и му било наложено да ѝ плати 5 милиони долари оштета. Во јануари бил прогласен за виновен и по дополнителна тужба за клевета и треба да ѝ плати уште 83,3 милиони долари.

Трамп се жалел на двете пресуди.

Меѓутоа, ниту една пресуда не вклучувала силување како што е дефинирано според законот на државата Њујорк. Судијата во двата случаи, Луис Каплан, рекол дека заклучокот на поротата бил дека Керол не успеала да докаже дека Трамп ја силувал „во рамките на тесната, техничка дефиниција за силување според кривичниот законик на Њујорк”.

Каплан, сепак, напоменал дека дефиницијата на силување во законот на Њујорк „по нешта многу по оскудна” од тоа како силувањето се дефинира во современиот јазик, некои речници, како и во некои федерални и државни кривични закони.

Според документите за нагодбата објавени во сабота, ABC и Стефанопулос ќе објават и жалење поради Трамповата тужба и ќе му исплатат милион долари правни трошоци на неговиот адвокат.

ABC објавија дека се „задоволни што страните постигнале договор за отфрлање на тужбата според условите наведени во судскиот поднесок.”

Американските медиуми пишуваат дека нагодбата е значителна отстапка од страна на ABC и ретка победа за политичар кој претходно обидите против новинарските куќи често ги завршувал со пораз.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни