52 медиуми бараат агрегаторите да престанат да ги преземаат нивните содржини без договор

По добиените известувања и предлог-договори од агрегаторите за преземање содржини без надомест, во вторникот (20 мај) во организација на Здружението ОНЛАЈНМЕДИА.мк, се одржа состанок со претставници на македонските интернет медиуми. На состанокот се разговараше за проблемот со бесправното агрегирање на нивни содржини.

52 интернет медиуми потпишаа заеднички став со кој бараат веднаш, од 21 мај 2025 година, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање сè до евентуално постигнување договор.

Во документот стои:
„Според последните измени на Законот за авторски и сродни права („Службен весник на РСМ“ број 87/2005), ве известуваме дека не ги прифаќаме вашите предлог-договори за правото да ги преземате нашите информации, фотографии и видеа. Доколку бесправното преземање продолжи, ќе бидеме принудени да покренеме постапки за заштита на авторските права. Сите потписници бараат веднаш да бидат исклучени од понатамошно агрегирање, почнувајќи од 21 мај 2025 година, сè до постигнување договор. Како асоцијација на портали, ОНЛАЈНМЕДИА.мк ви стои на располагање за разговор.“

Ставот го потпишуваат и го споделуваат следните 52 медиуми:

1.А1ОН

    2. Либертас

    3.Локално

    4. МКД

    5. Телма

    6. Алсат-М

    7. Слободен печат

    8. Независен

    9. Бриф

    10. Рацин

    11. 360 Степени

    12.Телеграфи

    13.Точка

    14. Трн

    15. Фактор

    16. Фокус

    17. ММС

    18. Канал77

    19. Канал 5

    20.Сител

    21. Алфа

    22. Црнобело

    23. Вистина

    24. Денар

    25. Денешен

    26. Експрес

    27. Еспресо

    28. 24Инфо

    29. Центар

    30. Вести +

    31. Бизнис Про

    32. Курир

    33. Лидер

    34. Нетпрес

    35. Нова Македонија

    36. 4NEWS

    37. Плусинфо

    38. Република

    39. Екипа

    40. Гол

    41. Дерби

    42. Макфудбал

    43. 24Фудбал

    44. Кош

    45. 24Ракомет

    46. Спорт 1

    47. СпортМ

    48. Спортманија

    49. Спортспорт

    50. Спортски

    51. Суперспорт

    или поделени по категории:

    🔹 Информативни портали (по азбучен ред):
    А1ОН, Вистина, Денар, Денешен, Експрес, Еспресо, 24Инфо, Курир, Либертас, Лидер, Локално, МКД, Независен, НЕТ ПРЕС, 4NEWS, Плусинфо, Република, Рацин, Нова Македонија, Слободен печат, 360 Степени, Телеграфи, Точка, Трн, Фактор, Фокус, ММС, Канал77, Црнобело, Опсервер, Кумановски муабети, Бриф, Офф.нет, Капитал.

    🔹 Спортски портали (по азбучен ред):
    Екипа, Гол, Дерби, Макфудбал, 24Фудбал, Кош, 24Ракомет, Спорт 1, СпортМ, Спортманија, Спортспорт, Спортски, Суперспорт.

    🔹 Портали на телевизии (по азбучен ред):
    Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител, Телма.

    ОНЛАЈНМЕДИА.мк очекува дека кон иницијативата ќе се приклучат и други портали, чии претставници не беа во можност да присуствуваат на состанокот одржан во просториите на Здружението на новинарите на Македонија.

    е-Трн да боцка во твојот инбокс

    Последни колумни