Брзото и динамично живеење, потрагата по нови информации често не доведува до момент, неплански, да се соочиме со факти кои на прв момент ни звучат нереални. Во морето од информации, во нашата топ листа на 5 занимливи факти за животинскиот свет издвојуваме:
5- Некои видови октопод несат 56.000 јајца во исто време

Во просек, џиновски октопод од Тихиот Океан положува 56.000 јајца на крајот од бременоста, а тоа го прави во текот на еден месец. Првично, овие нови бебиња од октопод лебдат низ вода, оддело едно од друго или приврзани за нивната мајка. Но, тогаш женката ги собира едно по едно јајцата- кои се со големина на зрно ориз и ги плете во плетенки. Интересен факт е што се грижи за секое посебно – истовремено.
4- Мисирките можат да поцрвенат, или да добијат моментална сина, односно бела боја околу главата, во зависност од расположението.
Научниците објаснуваат, кога мисирките се исплашени или возбудени – исто како, кога мажјаците гледаат женка за која се заинтересирани – бледата кожа на главата и вратот им станува светло црвена, сина или бела. Моментот на поцрвенување и менување на бојата на кожата, над нивните клунови е наречена снуд.
3- Кравите немаат горните предни заби.

Колку и да звучи неверојатно тоа е така поради нивниот начин на исхрана. Кравите имаат катници наместо предни заби онаму каде што е очекувано да имаат горни секачи. Во оваа крупа покрај кравите влегуваат и овците и козите. Тие имаат дебел слој ткиво наречено забна подлога, немасто вистински забит.
2- Јужноамериканските речни желки зборуваат со нивните јајца.

Иако, желките немаат гласни жици, а нивните уши се внатрешни, до неодамна научниците верувале дека желките се глуви и не комуницираат преку звуци. Но, истражувањата покажаа дека желките всушност комуницираат на екстремно ниска фреквенција што звучи што може да се слушнат само преку хидрофон, односно микрофон што се користи под вода. Истражувачите претпоставуваат дека на тој начин возрасните желки можат да комуницираат со малите единки дури и во периодот кога се во лушпа од јајце.
1-Возрасните мачки се нетолерантни на лактоза.
Како и некои луѓе, возрасните мачки немаат доволно ензим лактаза за да ја сварат лактозата од млекото, што предизвикува повраќање, дијареа или гасови. Мачките го имаат ензимот само кога ќе се родат и во првите години од нивниот живот.