48 Издание на Денови на македонска музика

Настанот ќе се одржува до 17 март до 8 април во Филхармонија, Музеј на македонската борба и Национална опера и балет, а предвидени се 9 концертни вечери, 30 македонски композитори, 3 авторски јубилеи, 7 ансамбли и повеќе од 30 солисти.

Овогодинешното 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ Days of Macedonian Music Festival ќе понуди разновиден избор на современи дела, премиери и автори, селектирани од годинашниот куратор, композиторот Филип Иванов, најавуваат од Сојузот на композитори на Македонија.

Настанот ќе се одржи од 17 март до 8 април во Филхармонија, Музеј на македонската борба и Национална опера и балет, а предвидени се 9 концертни вечери со 30 македонски композитори, 3 авторски јубилеи, 7 ансамбли и повеќе од 30 солисти.


„Деновите на македонска музика повторно ќе отворат прашања за релациите меѓу локалното и глобалното, традицијата и современиот израз. Оваа симбиоза ќе биде претставена преку селектираните дела, но и преку интернационални соработки и гостувања што ја ставаат македонската современа музика во поширок контекст.Програмата на ДММ2025 го нагласува континуираниот развој на современата композиторска мисла, притоа истакнувајќи ја нејзината динамичност и способност да се прилагоди на современите музички текови“ најавуваат организаторите.

Автор на дизајнот е Владимир Лукаш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни