Оваа манифестација претставува вистинска прослава на староградските песни и традиции кои датираат од пред неколку века.
Настапуваат:
- Градски хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид
- ЗП Градски Хор – Штип
- Вокален Октет – Прилеп
- Ансамбл „Вања Лазарова“ – Скопје
- ЗП Пеачка група Гевгелија
- ВПГ „Ѓердан“ – Штип
- КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца
Овие музички групи, преку своите настапи, ќе ја оживеат ризницата на богатата македонска музичка традиција, носејќи ги пред нас старите, автентични песни. Манифестацијата е значаен придонес кон зачувување на наследството на староградските мелодии и вредности, потсетувајќи не на културното богатство кое живее низ вековите.