Бројот на жртви е ревидиран откако „спасувачите извлекоа десет тела од под урнатините на станбена зграда во населбата Свјатошински во Киев, вклучувајќи го и телото на двегодишно дете, соопшти Министерството во порака на Телеграм.
Ноќта од среда кон четврток, Русија започна масовен комбиниран напад врз украинската престолнина со ракети и дронови. Поради бројот на жртви, во Киев за денеска е прогласен ден на жалост, објавија украинските медиуми.