Колку често ви се случило да наидете на информации и факти кои првично ве збуниле, а истовремено ви го задржале вниманието со нивната необичност и несекојдневност? Дали сте знаеле дека најстарото дрвено тркало на светот има повеќе од 5.000 години, крвотокот на возрасен човек е долг повеќе од 60.000 милји, на капка вода и се потребни 90 дена за да ја помине целата река Мисисипи. За овие, но и уште некои занимливи факти, кои на прв момент звучат неверојатни, во нашата листа на 10 најнеобични занимливи факти од ширум светот.
10-Најстарото дрвено тркало на светот е пронајдено во 2002 година, приближно 12 милји јужно од Љубљана, главниот град на Словенија. Денес се наоѓа во музејот на градот. Со постапка на радиојаглеродното датирање е откриена староста на тркалото, а анализите покажале дека тркалото е старо помеѓу 5.100 и 5.350 години.
9-Најголемиот дел од прашината во домот е од мртви клетки од човековата кожа. Според истражувачи од колеџ во Лондон, луѓето отфрлаат околу 200 милиони клетки од кожата секој час. Земајќи го предвид фактот што во домот поминуваме голем дел од времето логично е зошто секојдневно можеме да забележиме прашина – макар чистеле и секој ден.
8-Крвотокот на возрасен човек е долг повеќе од 60.000 милји. Ако целиот циркулаторен систем на човекот кој ги вклучува вените, артериите и капиларите би бил поставен рамно тој ќе се протега на повеќе од 60.000 милји. Со текот на созревањето, нашите тела стануваат дом на приближно 100.000 милји крвни садови.
7-На капка вода и се потребни 90 дена за да ја помине целата река Мисисипи. Реката Мисисипи која е втора најдолга река во САД со должина од 3.766км од изворот во езерото Итаска во Минесота до устието во Мексиканскиот Залив. Според некои пресметки на една капка вода и се потребни приближно 90 дена за да ја помине целата нејзина должина – од изворот па се до заливот.
6-Лимоните лебдат во вода, лиметите потонуваат. Обаснувањето за ваквата ситуација е тоа што плодот лимета е погуст во составот за разлика од лимонот. Иако навидум се многу исти тие сепак се и по многу работи различни.
5-Мачките имаат помалку прсти на задните шепи. Како и повеќето четириножни цицачи така и мачките имаат пет прсти на предните, додека на задните шепи имаат само четири. Научниците мислат дека тоа е така за да можат мачките да трчаат брзо.
4-Повеќето ликови на Дизни носат ракавици, а првичната причина е од технички карактер. Волт Дизни можеби беше првиот што им стави ракавици на неговите ликови, уште од 1929 година на чело со Мики Маус во главната улога. Главната причина за таквата одлука е за аниматорите полесно да ги оживуваат ликовите.
3-Кучињата намирисуваат добри мириси со левата ноздра. Кучињата обично почнуваат да намирисуваат со десната ноздра и ќе продолжат со наје доколку насетат опасноста. Во споротивна ситуација, левата ноздра ја росистат ако мирисот им сигнализира нешто пријатно, како храна или партнер за парење.
2-Должината на јазикот на просечна возрасна жирафа е околу 45 см. Научниците сметаат дека неговата боја е темно модро црвена од причина да биде што поотпорен на сончевите зраци и со тоа жирафите не би страдале од изгореници од сонце на својот јазик.
1-Тениските топчиња на Вимблдон се чуваат на 68 степени целзиусови. Температурата на која се чува тениското топче влијае на тоа како отскокнува. На потопли температури, молекулите на гасот во топката се шират, со што топката отскокнува повисоко. Пониските температури предизвикуваат собирање на молекулите и отскокнување на топката е пониско.