Њујорк тајмс со четири Пулицерови награди, Њујоркер со три, Вашингтон пост победи со известување за атентатот

Пулицер посебно го награди покојниот Чак Стоун за работата на полето на движењето за граѓански права. Тој пионер во новинарството беше првиот црн колумнист во „Филаделфија дејли њуз“ и основач на Националната асоцијација на црни новинари.

„Њујорк тајмс“ во понеделникот освои четири Пулицерови награди, а „Њујоркер“ три за новинарство во 2024 година, на теми кризата со фентанил, американската војска и атентатот врз претседателот Доналд Трамп минатото лето.

Престижната Пулицерова медалја за јавна служба ѝ припадна на ProPublica втора година по ред: Кавита Саран, Лизи Пресер, Касандра Харамилo и Стејси Краниц беа наградени за известување за бремени жени кои починале откако лекарите ја одложиле итната помош во држави со строги закони за абортус.

„Вашингтон пост“ победи за „итно и јасно“ известување за атентатот врз Трамп. Пулицер ги награди најдобрите во новинарството за 2024 година во 15 категории, заедно со осум уметнички категории, вклучувајќи книги, музика и театар. Победникот за јавна служба добива златен медал, а останатите по 15.000 долари.

„Њујорк тајмс“ ја покажа својата широчина со награди за известување од Авганистан, Судан, Балтимор и Батлер во Пенсилванија. Даг Милс победи во категоријата фотографија за ударни вести за своите фотографии од атентатот на Трамп, вклучувајќи и една на која куршум се гледа во воздухот во близина на главата на Трамп.

„Ројтерс“ беше награден за истражувачка серија за фентанил, прикажувајќи како слабиот надзор во САД и надвор од нив го прави тој лек евтин и широко достапен.

Мосаб Абу Тоха од „Њујоркер“ беше награден за коментари за Газа. Тој магазин беше награден и за својот подкаст „Во темнина“ за убиството на ирачки цивили од страна на американската војска и за фотографии од затворот Седнаја во Сирија.

„Волстрит џурнал“ доби Пулицер за известување за Илон Маск, „вклучувајќи го неговото свртување кон конзервативната политика, употребата на легални и нелегални дроги и приватните разговори со рускиот претседател Владимир Путин“, соопшти Пулицеровиот одбор.

Пулицер посебно го награди покојниот Чак Стоун за работата на полето на движењето за граѓански права. Тој пионер во новинарството беше првиот црн колумнист во „Филаделфија дејли њуз“ и основач на Националната асоцијација на црни новинари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни