Локомотива – Центар за нови инивијативи во културата и уметноста ja организира јунската едиција на Перформанс Платформа Фестивалот (ППФ) 2025 кој ќе се одржи од 9ти до 12ти јуни во Младинскиот културен центар – МКЦ во Скопје.
Performance Platform Festival (PPF) 2025 ќе се организира во две изданија: едното во јуни, а другото во октомври. Во духот на нашата феминистичка кураторска перспектива, фестивалот и оваа година го организираме во соработка со други фестивали, организации и индивидуи, како на локално така и на меѓународно ниво — со цел да споделиме ресурси и да ги здружиме нашите сили.
PPF 2025 го отвора јунското издание преку плуриверзален (Ескобар, 2018) кураторски пристап, односно прикажува и промислува различни светови, перспективи, пристапи, преку призмата на екофеминистички и екополитички колективни и здружени пристапи и вложувања. На тој начин ја гради и ја дизајнира сцената и поширокиот простор како плуриверзален, составен од мноштво поетики и практики.
ППф 2025 јуни ќе понуди:
- (Не)конференција: „(Еко)Феминизам во пракса(и): Преосмислување на уметноста и кураторските иднини“, ( 9–11 јуни 2025, 11:00–17:30 @МКЦ)
- Прво издание на Македонска кореографска платформа (МКП) и разговори со уметниците, (9 и 10 јуни 2025, 20:00 @МКЦ)
- BLOT-Body Line of Thought перформанс на Tangaj Collective, (11 јуни 2025, 20:00 @МКЦ)
- Култренинг работилница BodyImage Techniques: Morphing со Tangaj Collective, 12 јуни 2025, (17:00 @МКЦ)
(не)конференцијата ќе се обиде да сподели како кураторските иднини може да се спротивстават на екстрактивистичките модели на капиталоцената (Haraway) и да понудат „одржување“ (sustainment) (Fry) како алтернатива на неолибералната „одржливост“ (sustainability). Преку споделување практики, прошетки-дискусии и критичка и феминистичка педагогија, уметниците и кураторите ќе се обидат да ко-креираат знаење кое ќе го пренесеме во фанзин.
МКП се појавува како критичка иницијатива за да го зајакне и истакне авторскиот глас на македонските кореографи во домашниот, но и во поширокиот транснационален контекст. Тоа е нова иницијатива на 10 кореографи и танцови професионалци кои преку сплотеност и солидаризирање се организираат во своето претставување.
BLOT — хибриден еко-перформанс за микробиолошка меѓузависност — ќе даде кореографски преглед како контрапункт на антропоцентричните кореографии, резонирајќи со повикот на Ана Цинг за „уметности на забележување“.
Ова издание повикува на плуриверзирање како кураторска практика, односно перформативно создавање на светови – повикувајќи ја јавноста, институциите и екологиите на колективна реимагинација на уметноста како простор за трансформација, грижа и заеднички иднини.
Целосната програма за настаните во рамки на јунската едиција на #ППФ2025 можете да ја разгледате тука.
#PerformancePlatformFestival (Lokomotiva, Skopje), Skopje Pride Weekend, Прво Па Женско (Tiiiit! Inc.) го посветуваат јуни на современата и критичка перформанс уметност во танцот, театарот и визуелната уметност, како гест на грижа, релациска, политички ангажирана уметничка практика и акт на демократизирана јавна имагинација. Твориме простор за соработка, заедништво и размена, барајќи од институциите да го препознаат и континуирано да го поддржуваат.
Соработници, пријатели, другари и партнери на фестивалот во јунската програма: Skopje Pride Weekend, Прво Па Женско (Tiiiit! Inc.) и МКЦ Скопје.
Поддржувачи: Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, Фондација Хајнрих Бел, Гете-институт Скопје, Performance Situation Room / проект LLB 3 финансиран од програмата Креативна Европа; и Perform Europe.