Јирген Клоп сензационално се враќа на тренерската сцена – ja презема Рома

Со назначувањето на Клоп, му биле ветени значајни засилувања, а клубот планира да донесе нови играчи кои ќе ја направат Рома конкурентна во борбата за титулата.

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, изненадувачки се враќа во фудбалот, и тоа како нов предводник на Рома. Иако првично најави пауза од тренерската кариера, италијанското издание La Stampa објави дека германскиот стратег постигнал договор со клубот од Рим и ќе ја преземе тренерската позиција.

Клоп, кој ги водеше „Црвените“ цели осум години, претходно објави дека ќе се повлече од тренерскиот живот. По заминувањето од Ливерпул, тој беше именуван за главен на глобалните фудбалски операции во компанијата Ред Бул, која има свои клубови ширум светот.

Клоп ќе го преземе водството на Рома од искусниот Клаудио Раниери, кој оваа сезона се врати од пензија за да ја стабилизира екипата. Според La Stampa, Раниери ќе остане во клубот како советник на Клоп, помагајќи му во адаптацијата на италијанската Серија А.

За Клоп ова ќе биде прво тренерско искуство во Италија, откако веќе постигна големи успеси во Германија и Англија.

Според извори, Клоп во неделата, 18 мај, во 22:57 часот, јавно дал зелено светло на претседателот Дан Фридкин, откако Рома го совлада Милан во дербито на Серија А. Преговорите биле сложени и оддолжени, но на крајот постигнат е договор.

Со назначувањето на Клоп, му биле ветени значајни засилувања, а клубот планира да донесе нови играчи кои ќе ја направат Рома конкурентна во борбата за титулата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни