Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведуваат заедничка акција за спасување планинар кој утрово се повредил при искачување на тежок терен на планината Пелистер. Според информациите, лицето ја скршило ногата и не може самостојно да се движи.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека по добивањето на пријавата веднаш бил мобилизиран тим за спасување на планина. Повредениот планинар се наоѓа на непристапен терен, каде во моментов се движат припадниците на спасувачката екипа.
Како што појаснува Ангелов, теренот до кој треба да стигнат е оддалечен неколку часа пешачење од најблиската точка до која може да се пристапи со возило. Спасувачите ќе го имобилизираат повредениот, ќе го подготват за транспорт и ќе го пренесат до отворено место од каде што ќе може да биде евакуиран.
Планирано е планинарот да биде подигнат со полициски хеликоптер, со помош на втило, при што ќе интервенираат припадници на специјалната полициска единица „Тигар“.