„Егзит“ објави дека по повод својот 25-ти роденден, носи спој на култни изведувачи чиишто изведби останаа засекогаш запишани во историјата на фестивалот, заедно со оние кои првпат ќе се појават на Петроварадинската тврдина и ќе го донесат звукот на иднината на новите генерации.
Листата на првите 25 имиња за четвртина век на фестивалот ја предводи револуционерниот Секс Пистолс, симбол на панк движењето и бенд кој засекогаш го смени рокенролот, овој пат со енергичниот Френк Картер, кој, како што се нагласува во најавата, на бендот му даде нова сила и свежина, со што стана еден од најдобрите на денешните концертни ансамбли.
На оваа постава се придружува еден од основачите на ЕДМ сцената и глобалната суперѕвезда Тиесто, еден од водечките продуценти на електронска музика Eric Prydz, како и две техно диви – Indira Paganotto b2b Sara Landry, кои на тврдината ја носат светската премиера на нивните ексклузивни и единствени b2b перформанси во светот во 2025 година.
Со нив на тврдината ќе дојде и Hurts, чиј емотивен концерт од 2014 година се уште се прераскажува, додека за прв пат во Србија публиката ќе има можност да ужива во настапот на двојната евровизиска победничка Лорин.
Како дел од прославата на 25-годишнината, на 13 јули 2025 година, фестивалот EXIT дополнително ќе фрли светлина врз еден од најважните моменти во историјата на музиката – 40 години од првиот Live Aid концерт, еден од најзначајните настани на сите времиња. Во оваа прилика на фестивалот ќе се приклучи и легендарниот Боб Гелдоф, водачот на групата The Boomtown Rats, кој ќе ја потсети публиката на моќта на музиката да ги обединува, мотивира и иницира општествените промени од Петроварадинската тврдина.
Дека интересот за јубилејното издание на фестивалот догодина ќе биде најголем досега, велат од „Егзит“ говори и податокот дека првите билети се купени за рекордно време од само девет минути. Билетите се достапни на веб-страницата на Exit, како и на продажните места на Gigs Tix и онлајн.