Почина актерот и писател Јосип Пејаковиќ

Познатиот босанскохерцеговски актер, драмски уметник и писател Јосип Пејаковиќ почина синоќа на 78-годишна возраст. Веста ја потврди неговиот син, Дејан Пејаковиќ. Бројни уметници и културни работници се простуваат од овој великан преку емотивни објави на социјалните мрежи.
Screenshot

Последната деценија од животот ја помина во тешка здравствена борба, при што преживеа дури 17 операции.

Роден е во 1948 година во Травник, каде што го завршил основното и средното образование. Дипломирал актерска уметност на Драмскиот студио во Сараево, во класата на Каќа Дориќ и Јосип Лешиќ. Дипломските улоги ги одиграл во Чеховата „Три сестри“ и „Концерт во јајце“ од Фернандо Арабал.

Во текот на својата богата кариера, одиграл повеќе од 50 премиерни улоги во Народниот театар во Сараево, како и бројни филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи ги „Луѓе фактор“, „Куќата покрај патот“ и десетици монодрами. Се истакна и со улогите во претставите: „Кому му ѕвони ѕвоното“, „Хамлет во селото Мрдуша Доња“, „Големиот везир“, „Хасаниганица“, „Браќа Карамазови“, „Фистиковите шејтанлуци“, „Крал Лир“, „Диво месо“ и многу други.

За своето дело добил бројни признанија, меѓу кои и Шестоаприлската награда на Градот Сараево (1974), наградата на ЗАВНОБиХ за животно дело (1991), како и признанија од Здружението на драмски уметници на БиХ.

Покрај актерството, Пејаковиќ пишувал и монодрами и сценарија, меѓу кои се издвојуваат: Ој животе, Он мени нема Босне, Луѓе фактор, Куќата покрај патот. Од 2001 до 2003 година бил директор на драмскиот репертоар во Народниот театар во Сараево.

Во младоста бил и пејач на рок-групата „Везири“ од Травник, но подоцна целосно се посветил на театарската уметност – прво како аматер, а потоа како професионален актер во Сараево.

Неговото последно дело, книгата Севдалинка, беше објавено во мај 2022 година. Заедно со Рамбо Амадеус ја поднесе иницијативата севдалинката да биде вклучена на листата на нематеријално светско културно наследство на УНЕСКО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни