Пингвин со „baby bouncer“ учи повторно да стои

Пингвинката Флоп која ја изгубила способноста за газење, научила повторно да застане на своите нозе благодарение на уникатната идеја на персоналот во зоолошката градина „Дадли“. Тие за неа направиле специјално дизајниран „Бебе отскокнувач“ (baby bouncer).

Откако починала мајката на Флоп, а нејзиниот татко почнал да го напушта гнездото на долги временски периоди, пингвинката почнала да куца и брзо потоа не можела да ја издржи сопствената тежина. Имајќи предвид дека телото и натежнувало нанапред, храната вршела притисок врз нејзините внатрешни органи. Така го изгубила апетитот, а било утврдено и дека има инфекција.

Плашејќи се за нејзиниот живот, за да ја нахранат подобро, вработените во зоолошката градина почнале да користат еквивалент на бебешкиот отскокнувач. Флоп постепено почнала да стои сама и со време ќе се врати во друштво на останатите пингвини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни