МВР воведува патролни возила со 360° камери и мобилни радари

МВР пушта во употреба возила со радар и автоматско препознавање прекршоци – казните ќе стигнуваат по е-пошта

Министерството за внатрешни работи во следните денови ќе ги пушти во употреба новите патролни возила опремени со 360° камери и мобилни радари, кои ќе се користат за откривање и казнување сообраќајни прекршоци во реално време. Станува збор за белите модели „Форд Фокус“, специјално модифицирани за надзор на сообраќајот на места каде нема поставени фиксни камери.

Според информации на 24Инфо, возилата располагаат со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и напреден софтвер кој автоматски го препознава прекршокот, ја снима ситуацијата и ја документира како доказ. Потоа, системот автоматски генерира казна која ќе биде испратена по е-пошта до сопственикот на возилото.

Новите патролки ќе санкционираат возачи кои возат над дозволената брзина, непрописно паркирање, непочитување на пешачки премини и други видливи прекршоци во сообраќајот.

„Конечно ќе има ред и на споредните улици“, велат извори запознаени со проектот, додавајќи дека очекуваат системот значително да го намали бројот на прекршоци и да го зголеми чувството на безбедност кај пешаците и возачите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни