Трката „Спартатлон“ има историска важност и се одвива на релација од 246 километри, од Атина до Спарта. Учесниците имаат рок од 36 часови да ја завршат рутата, која бара исклучителна физичка и ментална подготвеност. Оваа елитна трка привлекува само најдобрите ултра-маратонци, а учеството е возможно само за оние кои веќе имаат забележителни резултати на претходни натпревари.
Катерина Шиповиќ, како единствен претставник од Македонија, ќе се соочи со огромен предизвик, но нејзините претходни успеси ја ставаат меѓу фаворитите кои ќе ја одбранат честа на своите земји. Таа е дел од од АК АЕРОДРОМ Скопје.