Каја Калас: САД се најголемиот сојузник на ЕУ и покрај критиките кон Европа од Вашингтон

Според острите критики на Европејците, документот претставува историски пресврт и ги поддржува тврдењата на екстремната десница
European Union foreign policy chief Kaja Kallas speaks with the media as she arrives for a meeting of EU foreign and defense ministers at the European Council building in Brussels, Monday, Dec. 1, 2025. (AP Photo/Virginia Mayo)

Калас кажа дека САД се најголемиот сојузники на ЕУ и покај критиките кон Европа од Вашингтон по повод објавувањето на новата Стратегија за национална безбедност на САД, во која се зборува за „бришење на цивилизацијата на Европа поради прифаќањето на мигрантите“.

„САД остануваат наш најголем сојузник. Не секогаш сме се согласувале за различни прашања, но мислам дека општиот принцип останува ист: ние сме наши најголеми сојузници и треба да останеме обединети“, рече Каја Калас.

Таа рече дека има многу критики кон Европа во стратегијата на САД, но смета дека голем дел од нив е дури и оправдан.

Американската администрација во петокот ја објави редефинираната Стратегија за национална безбедност во согласност со пристапот „Америка на прво место“ на претседателот Доналд Трамп.

Според острите критики на Европејците, документот претставува историски пресврт и ги поддржува тврдењата на екстремната десница дека „Стариот континент“ се соочува со „цивилизациска ерозија поради имиграцијата“.

Стратегијата на САД предлага крај на трајното проширување на НАТО, со што повторно се уништуваат надежите на Украина додека се бори против руската инвазија.

Каја Калас призна дека „Европа ја потцени сопствената моќ кога станува збор за Русија, на пример“.

„Треба да имаме поголема доверба во себе“, рече високиот претставник на ЕУ и додаде дека воведувањето ограничувања врз Украина нема да донесе траен мир бидејќи „ако агресијата биде наградена, таа ќе се повтори, не само во Украина или Газа, туку низ целиот свет“.

Поранешниот европски комесар Тиери Бретон, во поостра реакција, денес за весникот „Паризиен“ оцени дека со оваа стратегија „Трамп му се придружи на рускиот претседател Владимир Путин со цел значително да ја ослаби Европа, која станува вазал“.

Бретон, поранешен европски комесар (2019-2024) задолжен за внатрешен пазар и индустриска политика, ги повика европските лидери да застанат обединети против планот на САД.

„Според тој документ, Европа ќе биде непрепознатлива за 20 години или помалку ако продолжат сегашните трендови“, рече Бретон, додавајќи дека американската стратегија има сличности со онаа на Путин.

Безбедносната стратегија на САД изразува сомнежи за силата на одредени европски земји, и воено и економски, да останат сигурни сојузници на САД.

Стратегијата користи суров јазик, со проценка дека Европа се соочува со „перспектива за бришење на својата цивилизација ако продолжат сегашните трендови“.

Клучната цел на надворешната политика во Стратегијата наводно е „поттикнување отпор во рамките на европските земји кон сегашниот пат на Европа“, што аналитичарите го толкуваат како форма на мешање дизајнирано да ги поддржи екстремно десничарските, антиимиграциски политички партии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни