Дури 45% од граѓаните на Хрватска тешко ги подмируваат основните животни трошоци, што ја става земјата меѓу оние со најлоша финансиска состојба во ЕУ, покажуваат најновите истражувања на Еврофонд.
Во уште потешка ситуација се Грците, каде дури 55% од испитаниците изјавиле дека едвај врзуваат крај со крај.
Меѓу земјите во кои голем дел од населението се соочува со силен финансиски притисок се Летонија и Естонија (41%), како и Унгарија и Кипар (40%), додека просекот на ЕУ изнесува 32%.
Најстабилна финансиска состојба имаат жителите на Луксембург, каде само 17% од граѓаните пријавуваат финансиски потешкотии. Германија, Холандија и Австрија исто така се меѓу земјите со најнизок удел на население кое се бори со покривање на основните трошоци.