Во Ургентниот центар во Белград до сега се примени 56 повредени во сообраќајната несреќа која се случила утринава во Србија кај местото Умка. Двајца пациенти се во тешка состојба и кај нив дијагностиката е во тек. Сите капацитети на Ургентниот центар се ставени во служба на итно згрижување на повредените, пренесуваат српските медимуи соопштение на Ургентниот центар.
Во сообраќајната несреќа загинаа две лица – жена В. И, стара околу 40 години и еден маж, работник на ТЕНТ. Еден од сведоците на несреќата раскажал дека автобусот прелетал покрај луѓето на станицата, а потоа се случил страшен судар.
-Пукна како да падна бомба! Еден автобус буквално прелета покрај станицата, луѓето стоеја на станицата и тој прелета покрај нив! Ова изгледа како директен судар – изјавил сведокот.
Наводно, автобусот кој патувал од Обреновац обидел да претекне колона и не успеал навреме да се врати во својата лента. Тогаш дошло до директен судар, кога се залетал во автобусот на Ласта кој бил на меѓуградска линија од Белград кон Обреновац.