Двајца загинати и 56 повредени во судрот на два автобус во Србија

Во сообраќајната несреќа загинаа две лица – жена В. И, стара околу 40 години и еден маж, работник на ТЕНТ.

Во Ургентниот центар во Белград до сега се примени 56 повредени во сообраќајната несреќа која се случила утринава во Србија кај местото Умка. Двајца пациенти се во тешка состојба и кај нив дијагностиката е во тек. Сите капацитети на Ургентниот центар се ставени во служба на итно згрижување на повредените, пренесуваат српските медимуи соопштение на Ургентниот центар.

Во сообраќајната несреќа загинаа две лица – жена В. И, стара околу 40 години и еден маж, работник на ТЕНТ. Еден од сведоците на несреќата раскажал дека автобусот прелетал покрај луѓето на станицата, а потоа се случил страшен судар.

-Пукна како да падна бомба! Еден автобус буквално прелета покрај станицата, луѓето стоеја на станицата и тој прелета покрај нив! Ова изгледа како директен судар – изјавил сведокот.

Наводно, автобусот кој патувал од Обреновац обидел да претекне колона и не успеал навреме да се врати во својата лента. Тогаш дошло до директен судар, кога се залетал во автобусот на Ласта кој бил на меѓуградска линија од Белград кон Обреновац.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни