Dragorama – најголемото drag шоу!

Здружението на перформативни уметници NEW STAGE со гордост го најавува најновото издание на спектакуларниот drag настан DRAGORAMA, кој ќе се одржи на 6 декември (сабота) во Public Room со почеток во 21:00 часот.
??????????

DRAGORAMA претставува единствена вечер посветена на drag уметноста, перформансот и креативноста, која ги обединува најистакнатите drag изведувачи од домашната сцена и српската сцена. Доаѓаат представници од колективот Harem Girls учесници на овогодишното Песна за евровизија и освоија 2ро место.  Публиката ќе има можност да ужива во настапите на Linda Socialista, Titta Foureira, Abhora Shon, Lady Siren, Daria Buffy, Vlažena, Lysteria Hysteria, Daphne Bite, Jeanne Dark, Iggy Mona Asentra, Fendy Mama, Tia Doll, Opium, Estella Dark и DJ Ginger.

Со преку четиринаесет изведувачи на една сцена, DRAGORAMA ќе понуди незаборавна вечер исполнета со гламур, хумор и енергија, во духот на прифаќање, слобода на изразување и почитување на различноста – вредности кои NEW STAGE ги промовира во сите свои активности.

Влезниците за настанот се достапни на веб-страницата на Друга страна, по цена од 400 денари.
Поради ограничен број на места, организаторите препорачуваат навремена резервација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни