Германците кои биле на одмор во градот Палма на островот Мајорка во Шпанија почнале да добиваат казни до 200 евра за паркирање во еколошката зона
Сè поголем број германски туристи кои го поминале летото на одмор на Мајорка овие денови се соочуваат со непријатно изненадување, бидејќи со недели по враќањето дома, добиваат високи казни. Причината е новата регулатива која на почетокот на годината градот Палма ја воведе и која очигледно за туристите стана скапа стапица.
Задолжителна еколошка ознака
Станува збор за еколошка зона воведена за намалување на загадувањето во центарот на градот. Иако наводно имало во првите месеци по воведувањето имало преоден период, тој оттогаш бил истечен.
Според списанието „Мајорка“, од 1 јули без исклучок се испраќаат казни што предизвика бран од поплаки од страна на странските посетители.
Надзорот на еколошката зона се врши со камери кои автоматски ги снимаат регистарските таблички. Доколку возилото нема пропишана еколошка налепница, следува санкција шато може да достигне до 200 евра. Многу Германци кои патувале на островот со свои автомобили сега наоѓаат известувања за прекршок во своите поштенски сандачиња – честопати без јасно да се наведе каде и кога е евидентиран влезот во ограничената зона.
Точниот број на изречени казни не е познат, но жалбите постојано се множат, пишува списанието Феникс.
Невозможно да се спроведе
Особено проблематична ситуација се јавува затоа што возилата со странски регистарски таблички не можат, според шпанските правила, да добијат еколошка ознака на вообичаен начин. На странците им е дозволена посебна дозвола само за период од шест месеци, и само под услов да можат да докажат трајно паркинг место во Палма. Сепак, според локалните медиуми, таа опција во пракса речиси е неупотреблива.
Интернет платформата преку која треба да се изврши регистрацијата наводно е нефункционална со месеци, а дури и вработените во градските служби честопати не се во можност да дадат конкретни информации.
По првите недели од спроведувањето на новиот режим, градските власти објавија прелиминарни податоци: околу 150 возила дневно влегуваат во центарот на Палма без овластување. Ова претставува приближно 0,38 проценти од вкупниот број на следени возила. Ниската стапка се објаснува со фактот дека забраната моментално се однесува само на мал број автомобили со многу лоши категории на емисии.
Сепак, најавено е дека условите за влез во еколошката зона постепено ќе се заоструваат во наредните години, што би можело да значи уште повеќе ограничувања и потенцијални казни за домашните и странските возачи.
