„Беше на роденденска вечера кога некој од блиската маса го удри со чаша во лицето“, потврдиле неговите портпароли за Page Six, додавајќи дека имал неколку конци и се опоравува.
„Интервенираше и полицијата, а целиот случај сега е во нивни раце“, велат оттаму. Полицијата потоа соопшти дека инцидентот бил пријавен околу 22 часот и дека имало физички напад, а истрагата се уште е во тек.
Очевидци за странските медиуми изјавиле дека гостите од соседната маса биле груби и вулгарни кон Фокс, кој барал да го остават на мира бидејќи бил со семејството. Недолго потоа некој му фрлил чаша удирајќи го во лицето. Непосредно пред инцидентот, Фокс беше снимен од фотографи надвор од ресторанот како потпишува автограми за обожавателите. Во таа прилика изјави дека е благодарен што доживеал уште еден роденден.
Неколку часа по инцидентот, Фокс се огласи на социјалните мрежи,