По реaкциите на родителите, Јаневска со став: Нема да има трајно вработување за образовните асистенти

Таа објаснува дека честите промени на асистентите се резултат на флексибилноста на системот, каде што бројот на деца со посебни образовни потреби варира од година во година.

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека барањето на родителите на деца со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти не може да се исполни, бидејќи потребите во училиштата се менуваат. Таа објаснува дека честите промени на асистентите се резултат на флексибилноста на системот, каде што бројот на деца со посебни образовни потреби варира од година во година.

„Министерството е во постојан контакт со ресурсните центри и врши надзор. Но, прво училиштата треба да ги пријават своите потреби по запишувањето на учениците. Тоа бара време“, изјави Јавевска.

Образовни Асистенти не се вработуваат трајно бидејќи Комисијата за функционална проценка одлучува кога некое дете има потреба од асистент – и кога таа потреба престанува, што е и крајната цел: детето да стане самостојно. Некои родители сакаат асистент и по таа оценка, што, според министерката, создава недоразбирања.

Таа посочи дека често се мешаат улогите на образовниот и личниот асистент, кои се различни функции. Оваа година се ангажирани 1.876 образовни асистенти во основното образование, што е значително повеќе од бројката во времето на претходната власт, кога имало околу 1.000.

„Обезбедивме средства и за околу 150 обзовни асистенти во средното образование. Откако ќе ги добиеме точните бројки, ќе продолжиме со постапките за нивен ангажман.“

Јавевска не сака да дава „лажна надеж“ за трајно вработување на образовните асистенти, но вели дека доколку се појави можност за тоа, таа ќе ја поддржи.

Таа ја критикува политиката на „тотална инклузија“ од претходните министри, која предвидувала сите деца со попреченост да бидат во редовна настава, без доволна поддршка. Според неа, стручните служби – дефектолози, психолози, социјални работници – треба да бидат директно вклучени кога нема достапен асистент.

„Знам дека ова е осетлива тема. Затоа ги задржавме директорите на ресурсните центри, поставени од претходната власт, заради нивната стручност и искуство. Тие ќе се справуваат со конкретните ситуации.“

Министерката смета дека министерството не може да решава поединечни случаи на образовни асистенти и родители– тоа е задача на ресурсните центри, а министерот интервенира само кога тие не можат.

Состојбата во образованието и системските предизвици

Министерката се осврна и на поразителните резултати од ПИСА тестирањата и инфлацијата на високи оценки во основното образование.

„Работиме на доедукација на наставниците, но проблемот не е само кај нив. Притисок има и од родителите, а и во целото општество. Некои родители мислат дека нивните деца се одлични само поради петките, но тестирањата покажуваат спротивно.“

Јавевска вели дека не се дозволува веќе наставничките совети да ги поправаат оценките. Таа исто така ги идентификува главните причини за слабите резултати на ПИСА: несериозен пристап кон тестирањето, лоши преводи и недоволна информираност кај наставниците за форматот на прашањата.

Едносменско образование и оптимизација на училиштата

Во однос на ветувањето за едносменско образование, министерката признава дека само околу 150 училишта во земјата имаат такви услови. За надминување на проблемот, веќе се потпишани договори за доградба на училишта во скопските општини. Таа најавува и продолжување на оптимизацијата – затворање на подрачни училишта со многу мал број ученици, освен ако не се оддалечени повеќе од 30 километри од централното училиште.

Вештачка интелигенција и технолошки капацитети

Според Јавевска, речиси сите основни училишта имаат барем неколку компјутери, а некои и смарт табли и проектори. Министерството инвестира во опрема, но во меѓувреме, некои училишта самостојно бараат донации, што министерката го поздравува како „менаџерски пристап“.

„Воведувањето на вештачка интелигенција нема да им користи само на учениците, туку и на наставниците, директорите и целата организација.“

Научно-технолошкиот парк и доградбата на факултетите

На крај, министерката ја коментира изградбата на нов научно-технолошки парк во кампусот на УКИМ, кој ќе биде одделен од доградбата на двете постоечки факултетски згради – ФЕИТ и за физичка култура – кои, според неа, намерно биле оставени недоградени.

„Тие згради ќе се доградат. Технолошкиот парк е неопходен за државата, бидејќи Македонија нема природни ресурси, но има човечки потенцијал – ум.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни